Радио Милева женско друштво

Анастасија не се штедеше за роденденот на мајка и, па еве каде ќе ја води Цеца: Луксузен хотел со пет ѕвездички со бања во спалната и џакузи на тераса (ФОТО)

Анастасија не се штедеше за роденденот на мајка и, па еве каде ќе ја води Цеца: Луксузен хотел со пет ѕвездички со бања во спалната и џакузи на тераса (ФОТО)

Светлана Ражнатовиќ го прослави својот 48-ми роденден во својата вила во присуство на бројни роднини и пријатели. Ова е само уште една во низата свечености организирани од семејството Ражнатовиќ оваа година.


А, каде што има роденден, има и подароци… И бидејќи семејството и кругот на пријатели на фолк дивата се исклучително големи, таа секоја година добива по еден куп различни подароци. Нејзе и се омилени  оние што ги добива од своите деца, а нејзината ќерка Анастасија наводно и го подготвила годинешното роденденско изненадување.

„Цеца често патуваше, но поради природата на нејзината работа, не можеше да остане во светските метрополи каде што пееше. Анастасија одлучи оваа година, додека пеењето и настапите сè уште не се вратени во темпото со кое нормално Цеца работи, да ја однесе на патување во Мадрид“ – открива изворблизок до семејството.

„Анастасија го плати ексклузивниот хотел со пет sвезди во центарот на шпанската престолнина. Таму ќе престојуваат само тие две, а женското друштво ќе лета со бизнис класа. Хотелот има огромна бања која Цеца особено ја сака. Тие ќе бидат сместени во апартман со бања во спалната соба и џакузи на терасата“ – вели извор кој тврди дека Анастасија едвај се воздржала да и каже на својата мајка за нејзините планови пред нејзиниот роденден.

Фото: Инстаграм принтскрин/raznatovicanastasija/cecaraznatovic

To top