Пејачката Анастасија Ражнатовиќ долго време не ја објавуваше врската со фудбалерот. Но, конечно проговори за својот избраник,српскиот репрезентативец Немања Гудељ.
„Од мене и од мојата енергија, можете да видите дека сум многу среќна, задоволна и заљубена“- изјави таа.
Ансастасија прозборе и за своето поранешно момче Ѓорѓе Куљиќ, кој моментално е во врска со нејзината пријателка.
„Во неколку наврати кажав дека му посакувам се најдобро. Тој има право да биде со кого сака, луѓето продолжуваат и тоа е нормално. Навистина не ме повредува. Што се однесува до мене, немам ништо против, не сум емоционално повредена“- изјави Ражнатовиќ на гала отворањето на нејзиниот козметички салон.
Фото:Принтскрин Инстаграм/raznatovicanastasija/24седум/М.М