Анастасија и Немања Гудељ пред неколку дена тајно се венчаа во манастирот Рајинац, а на церемонијата присуствуваа само најтесниот круг на луѓе.
По венчавката Анастасија и Немања имаат многу планови, а еден од нив е купување куќа во Шпанија. Спортистот настапува за Севиља каде што моментално живеат, а како што стојат работите нивната иднина во Југозападна Европа е се поизвесна.
Парот е неопределен бидејќи има неколку градови кои им се допаѓаат, па се уште не знаат каде да купат куќа.
– Се е како што треба. Анастасија и Немања уживаат, особено затоа што добро се прилагодени во земјата каде што Немања работи. Таму им се допаѓа сè. Нормално планираат големо семејство, а со оглед на тоа што моментално живеат во куќа во Севиља, сакаат да купат таква, но во град покрај море. Опширно ги разгледуваат локациите и имотите кои се во понуда, не брзаат, сакаат да го направат вистинскиот избор. Можам да ви кажам дека недвижностите во Шпанија се многу убави, има локации кои се идеални за многумина, блиску се до градот, но доволно далеку за да имате мир и тишина, со поглед на море. Тие се буквално совршени за семејство и мирен живот. И Анастасија и Немања го совладале јазикот, климата им одговара, исто како и луѓето, само треба да направат гнездо по нивни желби и мерки и можат да се пофалат со совршен живот – изјавил соговорникот.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Анастасија Гудељ