Анастасија Ражнатовиќ со нова порака им се обрати на своите фанови на Инстаграм, па ги разбранува социјалните мрежи со она што го напиша.
Имено, во своите „приказни“ на Инстаграм профилот, пејачката реши да се „справи“ со оние кои повеќе не ги смета за пријател(к)и, затоа што и е преку глава да ги слуша приказните што повторно се испреплетуваат во јавноста.
„Судете ми по тоа кои луѓе ги избегнувам“ – напишала Анастасија на англиски јазик.
Многумина се убедени дека оваа објава и е посветена на Луна Ѓогани, со која ќерката на Цеца некогаш се дружеше, а сега двете се лути ривалки и воопшто не комуницираат. „Војната на двете млади ѕвезди“ во последно време се повеќе се провлекува како по медиумите, така и на социјалните мрежи!