Шестата сезона на популарниот регионален музички натпревар на таленти ќе започне да се снима наесен, а челниците на „Пинк телевизија“ бараат ново жири.
Првото црвено столче го пополни Анастасија Ражнатовиќ, а преговорите се во тек со нејзината мајка Цеца.
„Продуцентите имаат интересна идеја за мајка и ќерка за првпат да бидат во жирито на едно музичко шоу. Тие веруваат дека публиката би била заинтересирана да види како тие двете ќе гласаат за кандидатите и дали ќе се расправаат пред камерите“ – вели добро информиран извор.
Продукцијата наводно, во моментов ја убедува фолк sвездата да се придружи на нејзината ќерка.
„Цеца веќе беше во жирито на „Пинковите ѕвезди“ и добро знае како тоа функционира. Си го стокми животот, нејзините деца се отселија од дома, таа е во среќна врска со менаџерот Богдан Срејовиќ, закажа настапи, па се двоуми дали да го наруши сето тоа? Работата во жири воопшто не е лесна, бидејќи снимањата траат со часови, па приватниот живот страда во тој период. Продуцентите и ветија дека таа ќе ги снима повеќето емисии во текот на работната недела, но не и за време на викендите, кога настапува. Се’ уште го чекаат нејзиниот конечен одговор“ – вели соговорникот.
Во жирито најверојатно ќе се врати поп – sвездата Наташа Беквалац, како и пејачката Леонтина Вукомановиќ, која е тука од првата сезона на ова популарно музичко талент шоу.
Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic/raznatovicanastasija