Две пејачки и една сопруга на познат ракометар во текот на вчерашниот ден (среда) ги израдуваа своите фанови со фотографии на своите Инстаграм профили.
Ќерката на познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ и сопругата на екс ракометарот на Вардар, Игор Караџиќ, Македонката, Душица Караџиќ како договорени да облечат исто модно парче.
Анастасија во Србија, Мартија во Македонија и Душица во Полска во ист ден прошетаа во иста модна комбинација.
View this post on Instagram
Тексас комбенизон со дупки на коленото и засеци на половината, македонските убавици носеа патики, а Анастасија високи потпетици… Ова беше нивниот сталинг за вчерашниот ден во кој прошетаа по улиците.
Ако се погледнат коментарите кои фановите им ги напишаа под фотографиите слободно може да заклучиме дека ова модно марче е полн-погодок!
Единствено остана дилемата: Кој кого копира или сепак, модата тоа го диктира, па Анастасија, Душица и Мартија, сосема случајно се облекоа во ист ден во иста комбинација!?
Фото: Инстаграм принтскрин