Радио Милева принова

Анастасија Деа и Богдан Илиевски – Бетмен повторно ќе станат родители: „На Дениција и е исполнета желбата, ќе си добие „бато“ (фото)

Анастасија Деа и Богдан Илиевски – Бетмен повторно ќе станат родители: „На Дениција и е исполнета желбата, ќе си добие „бато“ (фото)

Maкедонската водителка и новинарка Анастасија Деа Богданоска е бремена и по вторпат ќе се реализира во улогата на мајка.

Имено, Анастасија и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски – Бетмен откако пред година ипол ја добија ќеркат Дениција, повторно ќе станат родители. Среќните вести, Деа ги објави на својот „Инстаграм“ профил истакнувајќи дека нејзината ќерка ќе стане поголема дадичка.

-Дениција беше најумното бебе а сега веќе малечко девојче, па затоа желбата и’ е исполнета. Ќе си добие “бато”.Да бидам искрена на крај од 2020 кога сето ова со пандемијата беше ново, единствено нешто што си посакав беше да сме живи, здрави, на број или побројни.
И додека ја прележувавме короната дознавме дека повторно ќе станеме родители. А Дениција ќе стане голема дада. Нашето мало девојче – голема дада. И тоа најумна, најнежна и најгрижлива.
На сето ова, времето со втора бременост и 17 месечно девојченце лета како лудо.
Не знам веќе кој побрзо расте. Јас, Дениција или бебуш, напиша таа покрај објавата од ќеркичката која гледа во фотографија од ултразвук.

Инаку, кон крајот на јули претходната година Анастасија и Богдан добија ќерка за која го одбраа името Дениција.  Ова лето тие прославија прв роденден на ќеркичката, а истиот ден направија и свадбена прослава во кругот на блиското семејство и пријателите.

Честитки.

To top