Радио Милева

Анастасија Деа Богдановска откри кои ставови ги погазила како родител: „Моето дете нема да…“

Анастасија Деа Богдановска откри кои ставови ги погазила како родител: „Моето дете нема да…“
фото: Инстаграм/анастасијадеабогдановска

Кон крајот на месец јули, водителката и ТВ новинарката Анастасија Деа Богдановска се реализираше во улогата на мајка и на свет ја донесе ќерката Дениција.

Деа е од оние модерни мајки, па често на социјалните мрежи знае да сподели некоја фотографија со наследничката, а во описот пишувајќи некоја емотивна порака.

Исто така, таа често знае да покаже дека и малата Дениција носи облека од мама кога биле бебе, или пак дека не купила ново креветче туку  бебешко старо креветче, кое со помош на машка рака секако, го претворија во неодоливо розово гнездо за Дениција.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/vredna-mama-anastasija-bogdanovska-nema-namera-da-kupuva-novo-bebeshko-krevetche-od-statoto-napravi-neshto-neodolivo-foto/

Овој пат, водителката на својот „Инстаграм“ и откри кои зборови ги погазила како родител, односно како го замислувала родителството, а какво е во пракса

– Моето дете нема да… ” Родителство какво си го замислуваме и какво ќе биде во пракса. Е овие зборови ќе си ги погазуваме… Си реков “Моето дете нема да спие со мене во кревет, ќе си спие во своето креветче. Од мало ќе го учам да спие одделно. ” (овој став беше како резултат на многуте приказни кои ги слушав за тоа како ако го научиш да спие во твој кревет, ќе спие долго доолго после тоа, па дури и кога ќе почне во школо.. Имаше и такви кои се протегаа до пред тиејџерски денови….Воедно ова е и мислење на одредени педијатри)

Ставот го погазив уште во втората недела (значи уште по првата недела откако дојдовме дома, оти 5 дена поради раѓање со царски бевме во болница, што е стандардно време за такво породување) Дениција не спиеше никако поинаку освен до мене, секако во бебешко гнездо.
Сфатив дека близината, мојот мирис и топлина и’ се клучни за да може да спие мирно. Тоа беше најдобро за неа, така и направив.

Но, Дениција полека си растеше и гнездото и’ стануваше малечко. Поголемо гнездо нема. “Ќе пробаме уште еднаш во креветче, овој пат креветчето ќе го преместиме до нашиот кревет.” Спремна дека можеби нема да спиеме цела вечер и дека можно е Дениција да се буди нон стоп поради промената… Но за чудо, без проблем, уште од првиот обид, веднаш штом направи два месеци, мирно си заспа во нејзиното креветче. И до ден денес. Па дури знае и сама да си заспие. До кога нејзиното креветче ќе биде до нашето, не знам. И не е ни важно. Се додека е потребно. Оти секое дете е различно, а нејзината приказна е само нејзина. Не знам ни зошто помислував дека ќе биде како приказните кои ги слушав (Ниту пак вашата ќе биде како нашата) Па така веќе не велам “Моето дете никогаш нема….”

Еј да. Пред да имам дете, не ми беше јасно како можат мајки и ќеркички да се облекуваат исто “Ако имам ќерка никогаш нема да се облекуваме #matching“….. А гледај сега.🤣 Да. Никогаш не вели никогаш, напиша таа покрај фотографијата на која стои облека од Дениција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea) on

Останати вести од Радио Милева