Водителката и новинарката Анастасија Деа Богдановска кон крајот на месец јули претходната година се породи и за првпат стана мајка.
Анастасија и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски добија ќерка за која го одбраа името Дениција. Од првиот момент откако стана мајка, Анастасија е активна на социјалните мрежи и редовно објавува фотографии од наследничката.

Имено, таа често на социјалните мрежи знае да сподели фотка со Дениција посветувајќи и емотивна порака, покажувајќи како го поминуваат времето заедно…
На Деа изминатите девет месеци преоритет и е нејзината наследничка. Сепак, овојпат водителката најде време за себе и реши да се разубави.

Како што објави на „Инстаграм стори“, таа заминала во фризерски салон и се одлучи да ја промени фризурата.
Имено, Анастасија ја офарба косата односно доби посветла нијанса и стана русокоса.

Таа најави дека периодот ќе следат многу фотографија пред и потоа, па за какви промени ќе се одлучи останува да видиме.

Како ви се допаѓа новиот имиџ на Анастасија?