Откако пред година ипол ја добија ќеркичката Денеција, македонската водителка и новинарка, Анастасија Деа Богдановска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски – Бетмен повторно ќе станат родители.
Имено, Анастасија е бремена. Овие радосни вести неодамна водителката ги обелодени на својот „Инстаграм“.
– Дениција беше најумното бебе а сега веќе малечко девојче, па затоа желбата и’ е исполнета. Ќе си добие “бато”.Да бидам искрена на крај од 2020 кога сето ова со пандемијата беше ново, единствено нешто што си посакав беше да сме живи, здрави, на број или побројни.
И додека ја прележувавме короната дознавме дека повторно ќе станеме родители. А Дениција ќе стане голема дада. Нашето мало девојче – голема дада. И тоа најумна, најнежна и најгрижлива.
На сето ова, времето со втора бременост и 17 месечно девојченце лета како лудо.
Не знам веќе кој побрзо расте. Јас, Дениција или бебушот, напиша Анастасија.
Водителката сега го покажа и трудничкото стомаче.
Имено,таа објави фотографија на која позира во опуштено, домашно издание, а наѕира и трудничкото стомаче.
Еве како изгледа Анастасија во втората бременост.
фото: принтскрин/инстаграм/anastasiia_dea