Анабела Атијас која учествува во „Задруга 3“ со писмо им се обрати на своите ќерки Бланкица и Ника.
„Првпат во животот не знам што да ви кажам, што да напишам. Се чувствувам нема, празна, како да умреа сите чувства во мене. Најверојатно одбранбениот механизам го прави своето за да преживеам се’ она што доживувам. Уште едно искушение кое стоечки морам да го поднесам. Но, она во што сум сигурна е, она во што не се сомневам е кога би ве видела, вие со својата љубов, лојалност, разбирање ќе ми вратите најубавите чувства. Чувства кои велат – ти овде припаѓаш“, порача таа и додава:
„Девојчиња, простите и на својата мајка што уште еднаш, последен пат ви донесува немир. Сакајте се, чувајте се една со друга бидејќи тоа ми ја враќа насмевката на лицето…..Андрејко мој, ништо нема да ти ветувам како она дека ќе умрам после тебе. Никој никогаш не побара такво нешто од мене, сега како никогаш разбирам што сакаш да кажеш. И да, те сакам бесконечно, ми недостигаш нашето. Пушти ја песната „Лепи мој“ и ќе почувствуваш се она што чувствуваме кога ни беше тешко. Сакај ги и гушни ги нашите девојчиња, се радувам на се’ што доаѓа. Поздрави ги сите наши пријатели, ти знаеш кои се, а посебно поздрави ја мајка ми, ти знаеш што посебно. Ве сакам. Чекајте ме, ми требате“.