Пејачката Анабела Атијас и нејзиниот колега Немања Николиќ во емисија полемизираа околу нивните хитови.
Имено, водителката Леа Киш прво прокоментирала како прочитала дека Немања во едно интервју изјавил дека „живее од старата слава“, на што тој сега одговори:
„Некои песни се издвоија од првиот албум и после тоа снимив 70-тина песни кои не беа ни блиску. Нема ништо лошо во тоа, не сум навреден, едноставно е така“ – беше искрен пејачот, а Анабела се надоврза велејќи дека во тоа нема ништо лошо и дека и таа ужива во нејзините стари песни кои сè уште се слушаат со истиот жар.
Немања тогаш се пошегува дека неговата песна „Да се напијам“ која ја изведе во „Ѕвездите на Гранд“ пред 17 години, а пејачката веднаш му возврати:
„Кога јас имав хитови, ти се’ уште мо*каше во песокот“- рече таа низ смеа, алудирајќи на разликата во годините.
Фото: Инстаграм принтскрин/nikolicnemanjafb/anabelci