Поранешниот пар Анабела и Андреј со ќерката уживаат на Копаоник, а во медиумите се појавија шпекулации дека наводно парот се смирил и повторно се заедно.
Меѓутоа, Анабела вели дека таа е покрај него за да му помогне да се излекува од алкохолизмот.
„Андреј излезе од болница и понатаму е на лекување. Јас сум поддршка. На него и понатаму сум му важна за лекувањето. Неразделни сме. Бланкица скија со татко и. Мене ми е важно да е со семејството, посебно на вакви патувања“ вели Анабела.
На прашањето дали на планината се вратила љубовта, Анабела вели дека само се пријатели.
„Сигурна сум дека секогаш ќе ги планираме заедничките патувања. А ако се случи нешто меѓу вас, ќе ви кажам“ вели пејачката низ насмевка и додава:
„Андреј и јас не се караме. Многу пати кажавме дека сме важни еден на друг и дека заедно ќе го воспитаме детето и ќе бидеме најдобри пријатели. Моите родители се разделија кога имав три години, имаа други бракови, но секогаш беа пријатели. Тоа ми е нормално. Кај мене не е нормално луѓето да не се карат и малтретираат“ вели Анабела.
Андреј неодамна откри дека во последните неколку години се бори со алкохолизам.
„Најмногу ме мотивира семејството. Во последните седум години се наоѓам во тешка состојба. Тешко е да се признае кој е алкохоличар, кој не. Почнуваш чекор по чекор и тоа води кон пропаст“ призна Андреј.
За потсетување, Анабела и Андреј се разведоа претходната година.