Анабела Атијас и Гаги Џогани јавно открија како би реагирале ако нивната ќерка Луна навистина е бремена, а моментално е во реланото шоу „Задруга“ и е во врска со женетиот пејач Слобо Радановиќ.
Луна веќе некое време има главоболка, мачнини и повраќа, па нејзините цимери с епосомневаа дека е бремена. Ако очекувавте бурна реакција од родителите, се лажете. Тие едноставно порачаа дека би биле среќни ако се случи нешто такво.
-Мојата ќерка беше во болница поради силна уринарна инфекција. Сега е подобро, доби терапија. Во секој случај и да е бремена, ќе ја поддржам. Таа за некој месец полни 22 години, а јас во тоа време на големо бев мајка. Што ми фали? Ќе се израдувам да добијам внуче, вели Анабела за српски Курир.
Сличен став има и Гаги:
-Кој родител не би се радувал да стане дедо? Скам внуче, но колку што знам Луна не е бремена. Нема зошто не би прифатил да е тоа така. Ако таа е среќна, тогаш сум и јас, кратко одговара Гаги.