Пејачката Анабела Атијас и танчерот Гаги Ѓогани, поранешните сопружници кои беа членови на „Фанки Џи“, со години не се во добри односи, иако со голема љубов ги добија двете ќерки Луна и Нина.
Нивната група остави голема трага во југословенската денс музика. Кога го снимија нивниот прв албум во 1994 година, песната „Само у сну“ создаде вистински бум и стана безвременски хит, а дури и „Си-Ен-Ен“ известуваше за популарноста на оваа песна.
Тие тогаш влегоа во романса и веќе следната година се венчаа, а сега се појави фотографија од нивната венчавка.
Анабела блеска во бела венчаница од тантела и долг вел, а многумина беа изненадени од нејзината боја на коса, бидејќи ретко кој се сеќава дека во тоа време била русокоса. Гаги има подолга коса, а за оваа специјална пригода избрал син костум и вратоврска со интересен дезен.
Млади и заљубени, беа симбол на совршен пар кај младите, а со тоа се согласуваат и поголемиот дел од нивните фанови, а доказ за тоа е и бројот на лајкови кои многу брзо ги собраа на социјалната мрежа Инстаграм.
Поранешните партнери се запознале во школата за танц на Гаги, а се венчаа на 8 март 1996 година. Сепак, проблемите меѓу нив беа несовладливи, а следеше колапс и по бројните обиди да се спаси заедницата.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/А.Крајнч/С.Крстиќ