Пејачката Анабела Буква по седум години брак, во септември се разведе од Андреј Атијас со кого ја има ќерката Бланкица.
Како што истакна Анабела причина за нивниот развод не е трета личност туку нивните недоразбирања и тоа што сфатиле дека не можат да функционираат како пар.
Меѓутоа, ќерката на пејачката, Луна Ѓогани успеа повторно да ги спои Анабела и Андреј, а повод за нивната средба е новогодишното украсување во домот на Луна.
Освен Анабела и Андреј, во домот на Луна бил и нејзиното момче, Марко Миљковиќ, како и Бланкица, па сите заедно учествуваа во предновогодишната еуфорија.
Дали Анабела и Андреј се смириле и повторно се заедно не знаеме, меѓутоа неодамна се појавија шпекулации дека Андреј ја моли Анабела да си дадат друга шанса.