Ако некое лице може да се каже дека е страв и трепет во светот на модата, тогаш тоа е уредничката на американското издание на магазинот „Вог“, Ана Винтур.
Ја нарекуваат челична дама заради нејзиниот став и решеност во бизнисот и колку е влијателна, но и фактот што дизајнерите често ги менуваат своите колекции во последен момент заради нејзиното мислење.
Њујорчаните имаат можност да се консултираат со неа за прашањата во врска со модата во он-лајн делот „Прашај ја Ана“ и сега ја прашаа што мисли за хеланките кои немаат намера да излезат од мода?
-Овој не е првпат светот на модата да ги слави хеланките, таа одговори дипломатски со насмевка и откри во која боја, според нејзино мислење, хеланките изгледаат најдобро.
-Мислам дека тоа првпат го доживеавме во 80-тите, благодарение на Азедин Алаја и експлозијата на фитнесот. Според мене, тие изгледаат најдобро во црна боја – заклучи највлијателната жена во светот на модата.
фото:гуливер/гети/инстаграм