Радио Милева
здраво живее, ама и здраво ужива

Ана Стојанова „жешка“ среде зима: Најпознатата македонска фитнес инструкторка разголена го сподели сиот свој телесен раскош од далечниот Занзибар, што природата и го дала како божји дар (ФОТО)

Ана Стојанова „жешка“ среде зима: Најпознатата македонска фитнес инструкторка разголена го сподели сиот свој телесен раскош од далечниот Занзибар, што природата и го дала како божји дар (ФОТО)

Најпознатат македонска фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, не само што знае здраво да живее, туку покажа дека умее и здраво да ужива. Имено, среде зима, непосредно пред Нова Година, Ана Стојанова деновите ги минува на далечна сончева и егзотична  дестинација… Иако оваа зима не е нешто премногу студена, па дури и блага, летниот одмор на расната велешанка очигледно „не и држеше доволно влага“, па реши уште малку да акумулира Де витамин, сол и морска вода, користејќи ја првата пригода „сексапилната птичка“ да одлета на југ.

Еден од најпознатите острови или поточно архипелаг на југоисточниот брег на Африка, сместен некаде помеѓу Танзанија и Индискиот океан, познат како Занзибар беше изборот на фитнес инструкторката за нејзиното зимско полнење на батериите.

А таму, на таа убавина и егзотика, Ана не можеше да одолее да не сподели и еротика, покажувајќи колку „жешка“ може да биде и среде зима, иако во тој рај владее сосема поинаква клима!

„Втор пат тука, сигурно не и последен. Благодарна за секоја минута од мојот живот. Во време кога се’ е брзо и лесно достапно, тука се потсетувам на вистинските вредности во животот…“ – напишала инструкторката додека домородните жени ја разубавуваат нејзината коса, правејќи и фризура во духот на амбиентот во кој се наоѓа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Но, она што ја „возбуди јавноста“, особено онаа на која машкоста не и недостасува, се фотографиите во син секси костим за капање кои Ана ги споделила, како дел од нејзината океанска фотосесија.

(С)облечена во модерни, ултрамини танга бикини кои длабоко тонат одзади, некаде помеѓу двете половини на големата овално – извајна задница, прекривајќи ги венериниот брег и „долината  на желбите“ однапред, додека во горниот дел, две тенки ленти од градникот поминуваат преку средината од градите на убавицата, покривајќи ги наежените  брадавици, кои иако не се гледаат јасно се наѕираат!

Така некако, најпознатата македонска фитнес инструкторка разголена го сподели сиот свој телесен раскош од далечниот Занзибар, што природата и го дала како божји дар. Седната во плиткото на песокот крај брегот, Ана Стојанова ги менува позите во кои доминира нејзината телесна убавина од секој агол и перспектива, покажувајќи колку е „жешка“ и среде зима! Како мотиватор за здрав, а Бога ми и возбудлив живот!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Фото: Инстаграм принтскрин/annstojanova

 

Останати вести од Радио Милева