Македонската фитнес инструкторка, мотиватор и советник за здрава исхрана, Ана Стојанова, неодамна му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Кирил која ја запроси Стојанова како во сцена од акционен филм…
А кога си жена која е на прагот на бракот, повеќе ништо не е исто… Па ни фотографиите, особено оние разголените со кои сексапилната инструкторка им ја „скокоткаше“ фантазијата на припадниците на посилниот пол, кои откако сега сфатија дека Ана е мажена жена, веројатно ќе ги оладат своите „бурни мечти“… и надежи!
За да не ја изгуби машката публика Ана решила да ја „подгрее атмосферата“ со нова тура разголени фотографии во провокативни пози… Но, за да не си создава пак себеси дополнителни нервози, сексапилната инструкторка веднаш се потрудила да ја појасни ситуцијата, па покрај возбудливите фотки ја споделила и информацијата:
„Сликиве се направени пред да бидам жена мажена… Шала на страна ама во тоа име ако треба да дадам некаков совет: Немој никогаш ама баш никогаш да се менуваш само за да му се допаднеш на некој или да бидеш прифатена од околината“! – напишала Ана… Како „оправдание грешним“ или мало појаснување за најновото разголување?!
Но, за да не биде дека атрактивната фитнес инструкторката само се слика, Ана Стојанова се погрижи да сподели и моменти од новата тура совети и мотиви за здрава исхрана…
Торбата в рака, зашто пластичните кеси се скапи, па правец – пазарање… До душа стилот и сексапилот и во овој случај не ја заобиколија, па така скокотливо стокмена, Ана замина во набавка на намирници, за она што ќе следува како нова пизода за нејзината армија следбеници.
Овој пат целна група понежниот пол за кои шефицата наместо бујните атрибути, гардеробата, фризурата и шминката, сподели нешто сосема поконретно… од кујната!
Имено, Ана им покажа дел од своите кулинарски вештини и можност, покажувајќи дека и готвењето не и е нималку послаба страна и за него поседува потенцијал и способности.
Ем вкусно, ем здраво, слатко или солено, многу веројатно дека Ана сите вкусови ги има задоволено… Што значи дека шефицата е 100% подготвена за брак.
Единствено останува дилемата: Дали потоа Ана Стојанова и понатаму ќе ја гледаме и доживуваме како секси фитнес инструкторка или повеќе како… „очајна“ домаќинка?
Фото: Инстаграм принтскрин/annstojanova