Радио Милева
Утринско секси кафе

Ана Стојанова не чека да дојде пролетта, туку самата и оди во пресрет: Фитнес инструкторката – „расцутена“… уште рано посабајле! (ФОТО+ВИДЕО)

Ана Стојанова не чека да дојде пролетта, туку самата и оди во пресрет: Фитнес инструкторката – „расцутена“… уште рано посабајле! (ФОТО+ВИДЕО)

Фитнес инструкторката Ана Стојанова веќе шеста години преку својот Инстаграм профил ги мотивира своите следбенички упатувјќи ги на нејзините вежби, совети и правила за здрав живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Во меѓувреме најупорните, највредните и најприврзанитеод  нејзината „женска армија следбенички“ – „Пичис“ – како што ги нарекува по англискиот збор за парски(чки), знае да ги одведе на еден од своите летни прдизвици на егзотични дестинации низ светот.

Токму од една таква далечна дестинација, од прекрасниот Тајланд, Ана деновиве се врати дома, а како што вика и песната: „Само дома си е дома“…  Од дома нема ништо поубаво, па следејќи ја таа логика, фитнес инструкторката не  можеше да не се изгушка со се живо и „нежив0“,  фрлајќи им се во прегратки или земајќи ги во своите… Од мебелот до мачорот!

Утрото врнежливо, ама затоа инструкторката романтично расположена уште рано посабајле. Само по гаќички и мини секси ноќница украсена со провидна тантела, Ана тргна да го подготви првото утринско кафе.

Сексапилната „кафекуварка“ онака разголена ја разбуди желбата кај сите вистински кафеџии првото кафе да го испијат заедно… Ако не со неа лично, барем покрај неа на Инстаграм, зашто кафето во нејзино друштво мора да ем послатко, ем повозбудливо…

Додека чекаше кафето да и се свари, пред да зоврие и „кајмакот“ да се крене, таа го крена шишето  за да си го освежи грлото со голтка вода… За кафенцето подобро да лизга!

„И да врне и да вее, мора да се вежба и да се оди на работа. Ако ти се плачешесабајлево и не ти се стануваше, ела да те гушнам – ќе ни помине“ – им порача Ана на своите следбеници, кои да занаат каде живее, веруваме дека би чекале во редици… за гушкање!

Дали кафенцето и легна и дали го преврти  филџанот за да си гледа, Ана не обзнани, ама затоа ја соопшти убавата вест: „Надвор почнува да цути“! – навестувајќи ја пролетта која официјално календарски пристига на 21-ви март!

Арно ама, гледајќи ја расната инструкторка вака утрински „бујна и расцутена“, најзините машки ( и поедини не само машки) следбеници и на дождот „сонце ги огрева“… И тоа уште рано посабајле!

А, како што е познато,  природата има свои законитости кои велат дека за нешто да почне да цути, претходно мора да (се) пупи!  За убавата пупка, потоа ширум да се отвори и… да прерасне во прекрасен и привлечен, росен и мирисен,  медоносен цвет! Епа… Наздравје „секси“ кафе!

Фото и видео: Инстаграм/annstojanova

Останати вести од Радио Милева