Радио Милева
апетитно задоволство

Ана Стојанова има елка за повеќенаменска употреба: Нејзината новогодишна елка ем е најсвежа, ем има најтврда основа (ВИДЕО)

Ана Стојанова има елка за повеќенаменска употреба: Нејзината новогодишна елка ем е најсвежа, ем има најтврда основа (ВИДЕО)

Нова Година е на прагот и предновогодишната еуфорија веќе со денови ја обзема како целата планета, така и Македонија.  До душа кај кого како, во зависност од многу нешта, ама сепак… Индивидуално сите подготвуваат новогодишни подароци за своите најмили и најблиски, се украсуваат градовите, излозите, продавниците, парковите, домовите…

Елката како најпознатиот и најпрепознатлив новогодишен симбол насекаде е присутна. И секоја е различна, природна или вештачка, поголема или помала, еднобојна или со сијалички и лампиони во илјада бои, помалку или повеќе накитена… Каква и да е, новогодишна елка да е! И што е најважно да биде што поуникатна!

Ама елката на најпознатата македонска фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова е дефинитивно најоригинална.  Ем најсвежа, ем со најтврда основа и што е најважно за повеќенаменска употреба.

Штом ја видите, не може да не се воодушевите. На оние нестрпливите може моментално и „лиги а им потечат“, па веднаш да ја изедат. Впрочем според содржината на украсите таква и е и намената, затоа и се кити непосредно пред со задоволство и апетит да ја конзумирате.

Зошто не е вештачка, туку е многу природна, вкусна и деликатесна! Не е месна, иако има по некој меснат лампион со кој е накитена, туку е овошно – зеленчукова, надоплнета со лампиони од млечни производи како чедер или моцарела, ама не цела!

Затоа е и повеќенаменска, зашто не е само необична и интересна,  убава за око, туку и мошне вкусна за целото семејство, гостите, пријателите и пошироко… за сите!

Особено необична е нејзнита основа која фитнес инструкторката толку ја потенцира при процесот на китењето. Впрочем Ана Стојанова пред да го сподели со другите, веројатно од лично искуство добро знае дека задоволството за да е што постабилно и да потрае што подолго, многу е битно основата да е што подобра и потврда.

А има ли потврда основа за „апетитна елка“, од голема краставица цврсто вметната во добро издлабена зелка!?

Епа, нека е наздравие, без оглед на намената… Дали само ќе ја гледате, малку пробате или лапнете целата!

Па ако ви се бендиса и сте задоволни од постигнатиот ефект, еве ви идеја и за Божиќен рецепт! За ново задоволство… хедонистичко, секако!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Фото и видео: Инстаграм/annstojanova

Останати вести од Радио Милева