Радио Милева на ревитализација

Ана Стојанова е поборник не само на здрав, туку и на ноќен живот: „Кој вечера вотка, појадува кисела чорба… и тоа доцна напладне“

Ана Стојанова е поборник не само на здрав, туку и на ноќен живот: „Кој вечера вотка, појадува кисела чорба… и тоа доцна напладне“

Македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова, покажа дека не е поборник само на вежби и витамини, туку  здравиот живот знае да го замени и со ноќен. Е сега, дали е тоа инцидентно и константно знае само таа самата?! Во последниот случај заедно нејзината исто толку згодна и атрактивна разголена женска придружба, очигледно ја почувствувале предновогодишната еуфорија, зачинета со магијата на урбаниот ноќен живот.

Расположението без понекоја голтка алкохол не би било на посакуваното ниво, арно ама по се изгледа малку се пивнало повеќе од пропишаното, па другот ден фитнес инструкторката заврши на рехабилитација на воздушна бања? Или посетата на оснежената Шапка претходно била веќе планирана, па на Ана добро и дојдоа свежиот планински воздух и прошетката.

До душа за да се симнат подзамрзнатите скали беше потребна помош на гелендерот, ама така е тоа кога се’ уште те држи „течната вечера“ од ноќниот рај, па нозете не ги слушаат командите до крај!

Арно ама, Ана не би била тоа што е да не знае како да ја надмине секоја ситуација, па затоа инструкторката кога веќе не скија или не е во позиција тој ден тоа да го прави, реши да се да се ревитализира со малку поинаква течна храна…

До душа појадокот поместен како замена за ручек, ама така е тоа кога претходната ноќ ти била баеги весела… Тогаш чорбата мора да биде покисела. Зашто кој  вечера вотка, појадува кисела чорба!

Откако дојде на себе и ја задоволи гладта, фитнес инструкторка штом застана „на сигурни нозе“ веднаш реши своето рефреширање да го надополни со витамини од кисела зимница.

Ц и Д, како цвекло и кисела туршија како дополнение за трезен ден и комплетно уживање на Ана во зимските убавини на македонските планини и нивните врвови, во случајов Попова Шапка.

Фото и видео: Инстаграм/annstojanova

To top