Радио Милева празнична увертира

Ана Стојанова е една од жените која подготвена го дочекува „Денот на вљубените“: „Ако сакаш да пука задникот, мора да се фатиш за работа“ (ВИДЕО)

Ана Стојанова е една од жените која подготвена го дочекува „Денот на вљубените“: „Ако сакаш да пука задникот, мора да се фатиш за работа“ (ВИДЕО)

Некому ден за „интеракција  со шишето и чашката“, некому за љубовни шепотења со партнерот или партнерката, кој како го доживува и слави 14-ти февруари… Како Св. Трифун или Св. Валентин.

И едни и други знаат посебно да се подготвуваат за празникот, да купуваат подароци, резервираат локали, се’ на се’, да се на готовс да се пуштат во провод. Ваков или таков, или комбинација од обете варијанти, можеби?!

Македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова празникот го дочекува подготвена. Уште од претходно црвениот секси фустан со голо пупаче и длабоко деколте покажа како и прилега, како заводлива варијанта за дополнително освојување на веќе освоениот партнер. Црвената како боја на љубовта и страста, совршено се вклопува во дадениот ден, особено ако тоа како ви стои го зачините со заводлив  танц, кој предизвикува и повикува на… споделување жешки љубовни страсти и кај момите и ергените и кај женетите и мажените за Денот на вљубените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

„Никогаш не сум ги сакала празниците на кои е “задолжително” некој нешто да подари или направи.
Обично тоа не завршува добро и најчесто едниот останува разочаран само заради тоа што имал високи очекувања од некој друг помалку сетен.
Затоа мои дами битно е да знаете дека НИКОЈ ништо не мора- освен ако не е од срце без да чека некој посебен број во календарот“ – ќе сподели Ана.

Сепак, подарокот не мора да биде материјален – напротив, колку повеќе е природен и натурален, толку е повозбудлив и и знае повеќе да го усреќи оној што со својот сакан партнер ќе го сподели. А има ли поголема среќа и возбуда од споделена страсна љубов во секоја можна, па и во ваква празнична пригода? Тоа Ана Стојанова оддамна го апсолвирала, па затоа знае дека уметноста на заведувањето мора да се доведе до совршенство, вклучувајќи го и физичкиот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

„Затоа, ако сакаш да намалиш килограми или да ти пука задникот во фармерки, мора да се фатиш за работа“ – ќе порача фитнес инструкторката препорачувајќи ја својата програма по специјална цена за Денот на вљубените!

Но, ако веќе се решите, можете да почнете да ја практикувате токму за или веднаш по празникот… Ана Стојанова има предлог – препорака за возбудлива Валентин увертира пред да почнете со нејзината програма… Затоа, одберете соодветен аутфит, време и локација и… Фатете се за работа – што би рекла самата! За да „пука задникот“ и за празникот… и кога не е во фармерки!

Фото: Инстаграм/annstojanova

 

 

To top