Радио Милева луксуз

Ана Севиќ уживаа за сите пари: Со сопругот потрошиле 3.000 евра за неколку часа на плажа (фото)

Ана Севиќ уживаа за сите пари: Со сопругот потрошиле 3.000 евра за неколку часа на плажа (фото)

Ана Севиќ потрошила 3.000 евра во Црна Гора за само четири часа. Пејачката престојувала во хотел во Будва со сопругот Даниел Недељковиќ и нивните ќерки и синот, но завчера брачната двојка решила да ги остави децата на бебиситерка и да замине на луксузна забава во Порто Нови.

– Ана и Даниел решиле да се почестат, па отишле на луксузна плажа, каде неодамна бил и Новак Ѓоковиќ. Уживале во скапо вино, азиска храна и добра музика, а тоа задоволство ги чинело дури 3.000 евра! – вели нашиот извор близок до пејачката, која со тоа се пофали на Инстаграм и позираше на лулашка над морето.

Следбениците ја пофалиле што за само пет месеци по породувањето  ја вратила  линија, а Ана изјавила дека не и било тешко бидејќи цело време трча по децата.

– За неполни две години родив две деца, а богами не сум ни млада. Сена има само една и пол година, а Симеон пет месеци, но запаѓате во таа одредена фаза и ништо не ви е тешко. Лорена е постара и одговорна, секогаш е тука да помогне – изјави Севиќ.

Фото:Принтскрин/Инстагарм/Ана Севиќ

To top