Ана Севиќ својата пејачка и водителска кариера почна да ја гради во 2011 година, но малкумина знаат дека таа претходно се занимавала со работа кој нема никаква врска со шоубизнисот.
Имено, Ана се занимавала со канцелариска работа, но тоа не ја радувало, па решила да се впушти во пејачки води за кои и самата еднаш ќе зборува.
„Сакам сама да го изберам вистинскиот пат, па дури и да згрешам. Кога почнав да ги следам своите соништа и она што го сакам, сфатив дека кога ја напуштив работата што ја работев пет години, канцелариската работа во која ја водев компанијата, одев на работа плачејќи и бев длабоко несреќна до срж иако имав фантастична плата“ – изјави Ана во една прилика во емисијата „Магазин ин“.
„Тајно отидов на аудиција, тајно на часовите по пеење кај Александра Радовиќ за кои никој не знаеше и си реков дека ќе се занимавам со пеење. И од тој момент сум среќна. Го работам тоа што го сакам и важно ми е да бидам во договор со себе си“ – додаде тогаш Севиќ.