Радио Милева

Ана Севиќ по раскинувањето со бизнисменот донесе одлука: „Конечно ќе дојде ред на тоа што најмногу го сакам“

Ана Севиќ по раскинувањето со бизнисменот донесе одлука: „Конечно ќе дојде ред на тоа што најмногу го сакам“

Ана Севиќ неодамна раскина со српскиот бизнисмен Даниел Недељковиќ, а сега пејачката донесе конечна одлука на која најмногу се радуваат нејзините фанови.

Имено, како што пишуваат српските медиуми, по пауза од две години Ана повторно ќе почне да настапува.

„Одлуката за раскинување не ја донесоа преку ноќ. На Ана преоритет и е нејзината ќерка Лорена. Со оглед на тоа што повеќе нема емотивен партнер, таа одлучи да се посвети на Лорена, на себе и на својата професија. Иако работеше како водителката во „Гранд“, таа најмногу заработуваше од пеењето“ вели изворот и додава:

фото: Ненад Вујановиќ

„Ана планира да се врати на музичката сцена во најкраток можен рок.  Подготвува две нови песни, моментално работи на нивната екранизација и наскоро ќе ги претстави пред публиката, но тоа не е се. По пауза од две ипол години, Ана повторно ќе се дружи со публиката. Долго време не настапуваше и недостига контактот со публиката“ објаснува изворот.

фото: ало

Ана потврди дека се враќа на музичката сцена.

„Добро сте слушнале. Тоа е  нешто што одамна требаше да се случи, но некои работи не зависеа од мене. Сега конечно ќе дојде на ред она што најмногу го сакам“ вели Ана.

За потсетување, Севиќ се појави во регионалнот музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а потоа беше водителка на „Неки нови клинци“.

.

To top