Foto: Rajko Ristić/Alo!
Пејачката Ана Севиќ пред неколку месеци се разведе од Дарко Лазиќ, со кој ја има ќерката Лорена. Таа сега открива дека се уште е во одлични односи со Лазиќ и тоа поради нивната наследничка.
-Сакавме нашиот развод да помине без медиумска помпа, но нажалост се случи спротивното, вели Ана и додава:
-Никогаш нема да кажам нешто лошо за поранешниот сопруг, бидејќи пред се со тие приказни не сакам да го повредам нашето дете, вели Ана.
Севиќ истакнува дека се уште верува во љубов, но дека е прерано за друг брак.
-Верувам во љубов засекогаш. Ако Дарко се ожени, би му пеела на свадба! Среќа во секој момент треба да биде приоритет, открива Ана низ насмевка.