Пејачката Ана Севиќ гостуваше во емисијата „Примиера – викенд специјал“ каде што говореше за тешкиот период по сообраќајната несреќа на нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ.
„Морам да признам дека со години не не штедеа. Секогаш ќе ме изненадат и се трудам да не молчам, адвокатите си ја прават својата работа. Не сакам да се занимавам со негативни работи. Во такви моменти не ме интеренсира што се пишува“ вели Ана.
По разводот со Дарко, Ана започна врска со фудбалерот Даниел Недељковиќ, за кој вели дека му е огромна поддршка.
„Јас сум му благодарна на Господ што ми го прати Даниел бидејќи имам поддршка која ми недостигаше“ вели Севиќ.
Поранешниот сопруг на Ана, Дарко Лазиќ очекува дете со свршеницата Марина Гагиќ, а пејачката истакна дека со задоволство би им одела на свадба.
„Навистина, не знам. Ако ме поканат не би имала никаков проблем“ вели Севиќ.
Таа откри во таа прилика која песна би им пеела.
„Немам репертоар за нивната свадба. Би можела да им ја отпејам „Кума“ од Северина. Таа песна е многу иронична“ изјави Ана.
Ана и Дарко од бракот ја имаат ќерката Лорена.