Радио Милева

Ана Севиќ ќе ги тужи родителите на Дарко Лазиќ

Ана Севиќ ќе ги тужи родителите на Дарко Лазиќ

Таткото на Дарко Лазиќ, Милан Лазиќ ја обвини Ана Севиќ за неверство и жестоко удри по неговата поранешна снаа.

„Може да се лути кога се пишува лошо за неа бидејќи ја боли вистината. Зборува дека е во добри односи со нас, но тоа не е точно. Таа не е во контакт со нас,а во јавноста се труди да се покаже различно. Го изневеруваше мојот син и тоа сите го знаат. Да беше вистинска жена немаше да се разведат. Сите знаеме кога  и колку. Тоа не треба да се зборува. Се срамам од неа“ вели Милан и додава:

„Јас не се слушнав со внуката. Слушнав дека патува по светот. Таа е злобна и опасна жена. Ја толериравме поради синот, не сакаваме да му правиме проблеми“.

Тој објасни дека ја побарале Ана за да ја видат внуката меѓутоа дека пејачката го променила бројот.

„Нејзината мајка ни прати порака дека детето не е кај нив. Тие знаат дека Лорена ќе ми се израдува кога ќе ме слушне. Она е моја сила и сите ја сакаме и се радуваме, а нека и е срам на Ана што ни забранува да ја видиме. Само мојот син да оздрави, па се ќе ви како што треба“ вели свекорот на Севиќ.

Според зборивите на адвокатот, Ана Севиќ планира да ги тужи родителите на Дарко.

„Точно е дека Ана ќе ги тужи родителите на Дарко. Како адвокат на госпоѓицата Ана Севиќ ќе повторам она што го пративме до сите редакции. Сите кои ќе објват неточни информации ќе мора да се соочат со судски постапки и да одговараат за последиците. Исто така е во овој случај. Секој ќе одговара кој ќе се обиде да го наруши угледот и неточните информации, како и говор на омраза против Ана Севиќ“ изјави адвокатот на пејачката.

To top