Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ, Ана Севиќ повторно е бремена. Ана и нејзиниот партнер Даниел Недељковиќ го очекуваат своето прво дете.
По тој повод неодамна, Севиќ се огласи на социјалните мрежи истакнувајќи дека нивното семејство ќе стане побогато за уште еден член.
„Бескрајно се радувам и немам зборови со кои може да ви ја опишаме среќата и благодарноста на Бога за овој дар“, напиша таа.
Пејачката сега го откри и полот на бебето.
Ана и Даниел на многу интересен начин открија дека во нивниот дом ќе пристигне уште едно девојче.
„Чекаме генетски здраво девојче. Благодарам на сите на убавите зборови“, напиша Ана во описот на видеото.
View this post on Instagram
Потсетуваме, Ана од бракот со Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена.