Пејачката и водителка Ана Севиќ е една од поактивните јавни личности на социјалните мрежи. Таа на Инстаграм најчесто споделува семејни слики со децата, но им дава совети и на своите следбеници.
Така сега таа одговараше на прашања на љубопитната публика, а луѓето најмногу ги интересираше како успева сама да се носи со три деца и дали некој и помага со нив.
– Не постигнувам се сам,а далеку од тоа, и се помирив со тоа. Кога ќе дојде време, градинката ќе го спаси светот – се пошегува пејачката.
Со оглед на тоа што трипати се породила со царски рез, жените најмногу ги интересирало како Ана закрепнала по три такви искуства.
-Три царски резови, генерално лесно поминав, со мал проблем со третиот, што го направи закрепнувањето малку подолго. Но, по неколку часа бев на нозе и се трудев што поскоро да закрепнам. Сега кога знам се што знам, инсистирам на природно породување, царски само ако треба и би избрала државна, а не приватна клиника- напишала Ана.
Да потсетиме, Ана пред неполн месец организираше роденденска прослава на својот најмал син, а по тој повод на медиумите им откри кој е построг родител, таа или нејзиниот сопруг Даниел.
-Тато се обидува да се преправа дека е строг, а јас сум таа што ја заострува ситуацијата. Мислам дека е така во секое семејство, но тие се навистина добри деца, фала богу – изјави таа.
фото:Инстаграм принтскрин/Ана Севиќ