Ана Рајковиќ, поранешна манекенка и сопруга на голманот на фудбалска репрезентација, Предраг Рајковиќ, со недели е во центарот на вниманието поради различни обвинувања за афери.
Иако Ана ги демантираше сите обвинувања со фотографии на кои се гледа дека нејзината љубов со Рајковиќ цвета, сепак јавноста не престанува да го следи секој нејзин чекор.
За нејзините тетоважи долго време се зборуваше и пишуваше, а сега Ана се реши на неочекуван потег. Имено, таа го отстрани огромното мнозинство на тетоважи, поточно сите освен две, кои се посветени на нејзините синови.
Кога завршила со третманот за отстранување, таа им се обратила на своите следбеници на Инстаграм и им објаснила зошто го направила тоа.
Преживеав, навистина не ме боли, за џабе се исплашив. Вака буквално не се плашев кога отидов да се породам. Многу брзо се вади. Моите тетоважи се мали, но имам околу седум, осум за отстранување. Како девојче сакав да имам разни тетоважи, сега ми е малку досадно, па сега решив да ги отстранам сите тетоважи освен двете што се наменети за моите деца – изјави Рајковиќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Рајковиќ