Ана Рајковиќ, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ, повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста – овој пат поради објава на социјалните мрежи.
Ана Рајковиќ на својот Инстаграм профил сподели слика од накит, на кој е врежана романтична посвета.
Нејзините следбеници мислеа дека тоа е подарок што го добила од нејзиниот сопруг. На златниот накит стои натписот: „Те сакам, сега и засекогаш“.
View this post on Instagram
Сепак, корисниците на Твитер сега ја разоткриа позадината на оваа фотографија, па на оваа мрежа има објава:
Ali #anarajkovic koja je maznula sliku sa pinteresta #caosvima pic.twitter.com/c6y9xVLRlv
— Mesečeva Kći (@Secer998) October 8, 2023
„Ана Рајковиќ која ја собрала сликата од Pinterest“, стои во објавата на мрежата X, каде се претпоставува дека Ана сакала да ги измами своите следбеници.
Да потсетиме, Ана Рајковиќ се најде во центарот на скандал кога, како што и самата раскажа, нејзините пријатели и подметнале афера во Катар додека Светското првенство се уште траело. Тогаш Ана беше доведена во врска со друг спортист од репрезентацијата. Таа жестоко ги негираше озборувањата, а подоцна откри дека нејзините пријатели ја измислиле приказната за наводно да и се одмаздат затоа што отпуштила еден од нив од нејзината продавница.
Фото:Принтскрин/Инстаграм