Ана Николиќ не сака да слушне за Наташа Беквалац, и не сака да му прости на поранешниот сопруг Стефан Ѓуришиќ Раста што тајно снимил дует со барбика од Нови Сад, па секогаш кога ќе му се укаже можност жестоко го навредува.
Како што пишува курир.рс, Ана му испратила порака на Раста со следната содржина: „Смрдљо еден, никогаш повеќе да не ми се обратиш“. „Добро ќе ме запаметиш, ме издаде“. „Мене ми вети, а сега ми правиш зад грб“. „Сите други ти се поважни од мене, мислиш дека ќе ме уништиш, е ќе видиш која е Ана“…
Според зборовите на изворот близок на раперот, пораките биле толку жестоки што било незгодно да се читаат.
Ана вака реагирала бидејќи наводно Раста требало да и го подготви новиот албум и таа биде една со која ќе сними дует. Ана дополнително била разочарана затоа што послендиот албум не и поминал како што треба, па спас барала во Раста. Затоа наводно пејачката полудела бидејќи не била таа на која Раста ќе и направи песни и ќе се врати на музичката сцена.
Од друга страна, раперот за да нема проблеми со Николиќ, одлучил да не се појави на промоција на Наташа туку да одмара во Црна Гора.
Ана наводно се налутила на Наташа и по шпекулациите дека Беквалац и Раста се во љубовна врска, но и по сознанието дека Наташа закажала промоција на „Ада Циганлија“ баш во исто време кога Николиќ имала настап на отварање на еден клуб во салата Бетон во Белград.
Токму поради тоа, Николиќ ја блокирала својата колешка на Инстаграм.