Пејачката Ана Николиќ последните неколку дена е во Мароко каде што работи на снимањето на нејзиниот нов спот.
Но, поради напорните снимања и желбата се да биде перфектно, Николиќ колабирала.
„Таа стопати на ден се пресоблекува, ја менува шминката, фризурата, стајлингот, па не стигнува ни да јаде. Малку спие, а многу работи, па тоа придонесе да колабира. Ана е перфекционист, па е подготвена една иста сцена да ја повтори по сто пати. На снимањата се останува и до 15часа, а во меѓувреме ништо не јаде“ вели извор за Свет и додава:
„Кога се сруши на снимање, ја внесоа во автомобил и ја однесоа во првата болница. Докторите ја прегледаа и констатираа дека се е во ред, но дека нејзиниот организам е исцрпен. И дадоа инфузија и терапија. Секако ја советуваа да се одмора, но таа не го испочитува тоа бидејќи сака се да заврши за две недели“ вели изворот.
Ана во јануари заедно со својата ќерка Тара уживаше на Тајланд, а пред тоа го посети и Дубаи.