Радио Милева Добро заработува, па многу и троши:

Ана Николиќ за Нова година на себе ќе има цело богатство: Ќе пее во фустан чиј метар материјал чини 1000 евра!

Ана Николиќ за Нова година на себе ќе има цело богатство: Ќе пее во фустан чиј метар материјал чини 1000 евра!

Ана Николиќ ќе ја прослави Новата година на две места, бидејќи таа и Јелена Розга ќе се ротираат и ќе пеат за најлудата ноќ, и во клубот „Казина“ и во хотелот „Метропол“.

Ана веќе се подготвува за новогодишниот перформанс, што ќе биде нејзин прв новогодишен настап откако престана да работи  поради бременоста.

Николиќ уште сега знае  што ќе носи на 31 декември, а станува збор за фустан кој допрва ќе го шие, чиј метар материјал чини цели 1.000 евра!

Материјалот е од најфина свила, украсена со кристали, а за да може да го носи фустанот според мерките што ги зацртала, Ана мора да ослабе уште 10 килограми!

Инаку, со неа на сцената ќе има уште 4 таначарки и еден танчар. И додека билетите за „Казино“ се распродадени, сè уште има уште многу малку билети за хотелот.

Но, Ана  е сигурна дека се ќе се продаде, па затоа е посветена на тренинзите и губењето на тежината.
Досега, пејачката успеа да симне повеќе од 20 килограми, а да ве потсетиме дека Ана Николиќ имаше повеќе од 100 килограми додека беше  бремена.
To top