Радио Милева

Ана Николиќ во 2008 година глумеше во популарната серија – еве како изгледаше тогаш (фото)

Ана Николиќ во 2008 година глумеше во популарната серија – еве како изгледаше тогаш (фото)

Дали се сеќавате на Ана Николиќ од пред 10 години кога се појави како актерка во серијата „Пари или живот“ која премиерно се емитуваше од 2008 до 2010 година на телевизија Пинк?

Ана во оваа серија ја глумеше пејачката Санела која беше во љубовна врска со гитаристот Џони кој го играше Андрија Милошевиќ.

Пејачката тогаш беше доста послаба и одлично се покажа како актерка.

Бременоста драстично ја промени пејачката која во август минатата година на свет ја донесе ќерката Тара.

Од тогаш таа вредно работи да симне некој килограм, што засега добро и оди.

Периодов во медиумите е актуелна поради разделбата и разводот од раперот Стефан Ѓуриќ – Раста.

To top