Пејачката Ана Николиќ беше пречекана со кредитна картичка на еден од настапите на сцената.
Ана пееше и седеше на сцената во моментот кога ја забележа картичката веднаш до неа.
„Чија е оваа картичка, ако некој ја изгубил, нека каже. Ако има кеш на неа, ќе го потрошам, ако не ми одговорите…“ – коментираше Ана во свој стил и додаде:
„Можеби човекот не ја изгубил, можеби ми ја оставил мене наместо бакшиш“ – рече таа, сè додека не се знаеше дали некој ја изгубил картичката или навистина и ја остави на Ана.
Публиката ова го поздрави со аплауз, како и сите нејзини песни што ги пееше едногласно со неа.
Ана за овој настап избра долг, жолт фустан, а на социјалните мрежи има коментари дека пејачката изгледа подобро од кога и да било.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/ananikolicofficial