Актерката Милена Радуловиќ добива поддршка од сите страни по признанието дека го пријавила поранешниот учител по глума, Мирослав Алексиќ за силување.
Пејачката Ана Николиќ ја подржа актерката. Таа на Инстаграм објави фотографија од Милена и напиша:
„Не ја познавам лично оваа млада дама…Ја имаш целата моја поддршка. Доста беше тишина“.
Следуваше и коментар од Милена.
„Долго време размислував дали ова да го напишам. Јас сум п*чко. Ти благодарам“, одговори Радуловиќ.
„Јас ретко ги гледам коментарите….ја имаш целата моја поддршка. Нема да ти кажам браво, знам колку е потребна храброст за тоа да зборуваш јавно“, одговори пејачката.
Потсетуваме, Милена во исповед за блиц.рс откри дека била сексуално малтретирана од Мирослав Мика Алексиќ – режисер и сопственик на угледно училиште за глума во Белград.