Српската пејачка Ана Николиќ се пофали со својата фигура во бикини, а со провокативните кадрови предизвика лавина коментари.
Пејачката се фотографирала во огледало, облечена во тигресто бикини и раширена наметка. Забележливо е дека Ана нема грам вишок, но на некои им пречело како изгледа пејачката.
Ана во периодот кога имаше вишок килограми беше мета на критики, но и сега кога ослабна.
„Топ изгледаш!“, „Премногу си слаба“, „Ти се гледа секоја коска, не е убаво“, „Бомба“, „Никогаш не си изгледала подобро“, „Здебели се малку“, „Си претерала со слабеењето“, се некои од коментарите.