Во медиумите се појавија вести дека пејачката Ана Николиќ е во врска со Дејан Николиќ, електричар од Белград кој се уште законски оженет е маж и татко на две деца.
По овие написи се огласи и пејачката и ја откри вистината.
„Јас сум 18 години на естрадата и никогаш не ги претставував своите партнери во јавност. Дури и кога се омажив се потрудив тоа да го направам тајно, без „помпа“, не поканувајќи ги новинарите и фоторепортерите на својата венчавка. Со своите партнери не позирав на насловните страници, ниту јавно ја споделував и коментирав својата интима. Не ми е јасно, зошто некој помислил дека по толку години ќе објавам фотографија на Инстаграм со своето ново момче? Да е Дејан Николиќ навистина мој емотивен партнер, никогаш немаше да објавам фотографија со него. Ние сме пријатели. Криво ми е што немам право да споделувам фотографии со луѓето со кои се дружам, а да нема последици“ изјави Ана, па додаде:
View this post on Instagram
„Не сакам да го коментирам неговиот приватен живот и однос со сопругата. Одлучив да се огласам само поради таа жена бидејќи е доведена во забуна да има нешто меѓу мене и Дејан. Како што никогаш не го коментирав својот приватен живот, нема ни сега да демантирам ако сама не ја предизивикав ова лавина од коментари поради една фотографија. На потежок начин научив дека не треба да објавувам фотографии со машки пријатели. Како и досега, така и во иднина, нема на јавноста да го претставам своето идно момче. Ќе мора да се потрудите за да дознаете со кој спијам, дали сум заљубена, затоа што својот живот никогаш не го давав на „тацна“. За емоциите зборував низ своите песни бидејќи мислам публиката тој јазик најдобро го разбира. Ве сака вашата Ана“, изјави Ана Николиќ.
View this post on Instagram
Инаку, Николиќ се разведе од Стефан Ѓуришиќ Раста со кој ја има ќерата Тара.
фото: Информер.рс/инстаграм