Пејачка Ана Николиќ, се огласи на нејзиниот Инстаграм профил и напиша оглас за дадилка за нејзината ќерка Тара.
– Итно е потребна дадилка за “lajv in”, пет дена и четири ноќи неделно. Возраст од 30 до 50 години, без трошоци, плата по договор. Да е образована, совршено чиста и уредна. Со оглед дека е во прашање јавната личност, потребно е доверливо лице – напиша Николиќ.
На многумина им беше чудно што Ана бара жена на овој начин која ќе се грижи за неа и за ќерката на Раста, но не се сомневаме дека аплицирачот ќе мора да се докажува на дело бидејќи… Ана е многу барана.
Да потсетиме, по разводот Ана и Раста имаа нестабилна врска, а неодамна беа и во конфликт.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Николиќ