Познатата пејачка Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ Раста се горди родители на девојчето Тара, кое вчера наполни девет месеци.
Ана го обележа овој датум на посебен начин, а дел од атмосферата со задоволство сподели со јавноста со емотивна порака.
Мојата мала волшебница денес полни девет месеци… Како ми летна времето… Како вчера да беше кога ја видов првпат. Те сакам мама!“, напиша пејачката во описот на објавената фотографија.