Радио Милева се врати на старо

Ана Николиќ има ново момче: По Раста, пејачката и се врати на старата љубов!

Ана Николиќ има ново момче: По Раста, пејачката и се врати на старата љубов!

Ана Николиќ и дефинитивно одлучи да се разведе и неејзиниот брак со раперот Стефан Ѓуриќ – раста да го остави зад себе. Таа пред неколку месеци ја обнови романсата со нејзиното поранешнп момче, инаку познат белградски бизнисмен со кого Николиќ повеќе од десет години беше во сериозна врска, но по толку долго време никој не очекуваше дека ќе завршат повторно заедно.

Ана и бизнисменот биле во врска пред повеќе од една деценија, кога нејзината кариера беше во подем. Тие излегуваа, патуваа, се шегуваа и уживаа и навистина се чинеше дека оваа врска е сериозна. Тој  водеше една од најголемите компании во главниот град, а таа од друга страна се сметаше за најпосакуваната пејачка во шоу-бизнисот во тоа време,па затоа важеа  за двојка  само како што се гледа во филмови.

Сепак, без разлика колку таа и да уживаше во таа врска, Ана не беше подготвена посериозно да се врзе. Иако тој сакаше да има деца и да се ожени со неа, тоа нејзе не и паѓаше на крај на памет, иако него го сакаше. По една година, тие  ставија крај на врската, и секој замина на своја страна“- изјавува извор близок до обајцата и вели дека богатиот бизнисмен одново е вљубен до уши во пејачката.

„Иако Ана е среќна и по долго време се смее, таа не е подготвена да го поднесе притисокот од јавноста поради својата старо-нова љубов. Конечно, таа има партнер кој ѝ дава доверба и сила да се бори за да биде најдобрата верзија на самата себе. Таа е благодарна што го има него покрај себе, а тој секој ден одново и одново ја освојува. Рака на срце, тој е многу добар човек, висок, развиен, успешен и убав. Нема жена во градот што не може да ја освои. Сепак, бидејќи се враќа  во љубов со Ана, не сака друга ни да погледне. На сите ќе ни биде мило ако овој пат нивната врска успее, а минатото да го остават себе“ – заклучи изворот за српски “Ало!”.

To top