Радио Милева Екслузивно од првата ревија во Лугано:

Ана Марија од Скопје е меѓу најубавите Македонки, а нејзиниот потенцијал го препозна и светски познатиот бренд „Guess“ (ФОТО +ВИДЕО)

Ана Марија од Скопје е меѓу најубавите Македонки, а нејзиниот потенцијал го препозна и светски познатиот бренд „Guess“ (ФОТО +ВИДЕО)

Младата 18 годишна скопјанка Ана Марија Јанковиќ е девојката за која се почесто ќе слушаме, но и ќе бидеме горди што македонската убавина секогаш отскокнува над просечното, а вистинските професионалци тоа знаат да го препознаат.

фото:ана марија-јанковиќ/инстаграм

Светската модна индустрија е доста селктивна, но кога е во прашање кристалната убавина на нашата Ана Марија, нема простор за дилема.

фото:ана марија јанковиќ/инстаграм

Имено, Ана Марија, која инаку е ќерка на познатиот македонски уметнички фотограф и режисер на музички спотови, Дарио Јанковиќ, стана дел од семејството на светски познатиот моден бренд „Guess“ и е нивното ново лице.

фото:ана марија-јанковиќ/со пол марсиоано/ инстаграм

Вчеравечер во Лугано, Швајцарија се одржа модна ревија од затворен тип за пријателите на брендот ( односно најверните купувачи),  на која нашиот модел се појави.

На неа присуствуваше и челникот на брендот, големиот Пол Марсиано, со кого Ана Марија имаше прилика да се запозане, да поразговара и секако да го воодушеви носејќи ги неговите парчиња.

 

View this post on Instagram

 

LUGANO FASHION SHOW GUESS

A post shared by General filmstudio (@general_filmstudio) on

Дел од атмосферата пред почетокот на ревијата во бекстејџот, како и дел колекцијата можете да погледнете на фотографиите и видеото кои екслузивно ги доби Вистина.ком.мк!

Нашата убава Македонка останува во Швајцарија, каде на 20-ти овој месец ќе работи на нова фотосесија за брендот.

фото:ана марија-јанковиќ/инстаграм

Горди на Ана Марија се и од нејзината матична модна агенција, „Real Woman Agency“ од Белград, кои ги споделија и се пофалија со последните успеси на еден од најбараните модели на агенцијата.

фото:ана марија-јанковиќ/инстаграм

Инаку, убавата скопјанка има снимено доста реклами и за домашни брендови, но сега пред неа допрва се отвораат вратите на светската мода.

To top