Фотографии од Ана Марија Макеска која е советничка на министерката за финансии, Нина Ангеловска попладнево ги преплавија социјалните мрежи откако излегоа нејзини фотографии од фотосесиите на кои се гледа блага еротика, пишува експрес.мк
Советничката Ана Марија Макеска е дел од тимот најблиски соработници на Ангеловска, во кој доминираат жените. Ангеловска избра помлад тим соработници меѓу кои со своето портфолио на социјалните мрежи доминира Макеска.
Ана Марија Макеска е координатор на социјални медиуми и односи со јавност, и ќе се грижи за транспарентно и навремено споделување и информирање на јавноста за работата на министерката и нејзиниот тим. Ангеловска избрала помлад тим соработници меѓу кои со своето портфолио на социјалните мрежи доминира Макеска.
„Можеби финансиски и не стоиме којзнае како, ама затоа сексапилот на државните службеници ни е на завидно ниво… Да ти е мерак да работиш во социјални медиуми ако треба информациите да ги споделиш со вака згодни координаторки“ – се само некои од коментарите на колегите новинари, по осамнувањето на фотографиите на атрактивната советничка на министерката за финансии.
После ова, веројатно прес конференциите на министерката Ангеловска ќе и бидат полни, а секси советничката рапидно ќе ги зголеми своите односи со јавноста, се разбира!
Извор: Експрес.мк