Радио Милева не насилство... само „лајт ќотек“

Ана Кораќ со шокантно признание: „Со бившиот немавме физичка пресметка, ако не се смета понекоја шлаканица и малку гребење?“

Ана Кораќ со шокантно признание: „Со бившиот немавме физичка пресметка, ако не се смета понекоја шлаканица и малку гребење?“

Ана Кораќ одговараше на провокативни прашања поврзани со нејзините поранешни партнери. По раскинувањето со Давид Драгојевиќ, Кораќ призна дали некогаш и се случило насилство или имала физичка пресметка со нејзиниот доскорешен партнер.

„Не, не, не сум имала навистина“, рече Ана.  „Добро, можеби по некоја шлаканица – да… Или малку гребење, но не е страшно, ако е малку“-  откри старлетата во својата шокантна изјава во емисијата „Ами Џи шоу“.

Ана призна и зошто раскинала со Давид Драгојевиќ:

“Ги избришав сите наши фотографии. Имавме неколку кавги во последно време и се случи нешто каде што се скаравме и разговаравме да се разделиме на кратко за да видиме како ќе ни оди потоа. Но потоа тој направи нешто што не е убаво. Добив говорни пораки и преписка каде што тој зборува лошо за мене. Ги разменувал со мојата пријателка, таа ми се јави, ми испрати сè, па токму во тој момент решив дефинитивно да раскинам. Еднаш реков дека секогаш ќе бидам со него, но по она што се случи, веќе го немам ни неговиот број Почна убаво, заврши толку глупаво, и сега секој треба да тргне по својот пат“- отворено призна старлетата.

To top