Старлетата Ана Кораќ откри дека повторно е заљубена и дека ужива на почетокот на новата љубовна врска.
„Имам момче. Тоа е нешто ново. Не е сериозна врска, на почеток е. Многу ми е убаво, заљубена сум. Секогаш имам врска, јас сум заљубена, чувствувам пеперутки во стомакот. Од Србија е. Не е познат, го познаваат во моето друштво. Не е реално шоу“, вели старлетата во емисијата „Питам за друге“.
За потсетување, последната врска на Ана Кораќ за која јавност знае е со непознат маж од Дубаи за кој старлетата сама зборуваше пред неколку месеци.
На крајот на мај, Кораќ објавуваше фотографии со тогашното момче, но изгледа на таа љубов ставила крај.
фото: Инстаграм/ана кораќ