Радио Милева прескап стајлинг

Ана Кораќ ужива на море: Само еден детал на старлетата вреди 15.000 евра (фото)

Ана Кораќ ужива на море: Само еден детал на старлетата вреди 15.000 евра (фото)

Старлетата ужива во мајчинството, но наоѓа време и за одмор и забава.

Поранешната задругарка Ана Кораќ неодамна се  реализираше во улогата на мајка и оттогаш ужива во семејниот шарм, но наоѓа начин и да се одмори од обврските.

Имено, Ана ја напушти Србија и си најде одмор покрај брегот, а на својот Инстаграм профил објави фотографија на која ужива.

Старлетата позираше во прескап стајлинг, само еден детал на неа чини 15.000 евра, а станува збор за часовник Ролекс кој гордо го покажува.

Ана носеше и чанта „Шанел“ која чини околу 5.000 евра и очила за сонце кои исто така се „Шанел“ и вредат околу 600 евра.

Да потсетиме, Ана неодамна за прв пат го покажа својот партнер.

Кораќ позираше во прегратките на својата поубава половина, но сепак ја криеше неговата фигура.

– Не може секој да се гушка, прегратката е уметност, а не сите луѓе се уметници – гласеше текстот што го стави поранешната задругарка.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top