Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, германскиот екс фудбалер на Баерн и Манчестер Јунајтед, Бастијан Швајнштајгер украсија елка во нивниот дом пред која позираа подготвени за божиќните и новогодишните празници.
Славната двојка со нетрпение го чека Божиќ, кој го слави двапати годишно во семејната куќа.
Овој пат беа фотографирани покрај украсената новогодишна елка во нивниот дом, елегантно облечени. Поранешната тенисерка за таа пригода избрала свечен црн фустан, со голем шлиц што ја открива нејзината совршена линија.
Под оваа фотографија, Ана напишала:
„Ние веќе ја украсивме нашата елка. Кој друг е подготвен за Божиќ?“